ПРАВИЛА И УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО НА КОНКУРСОТ "КАКОЈАДАМСМОКИ"
Во периодот од 13 Април 2009 до 14 Јуни 2009 година на интернет страницата www.kakojаdаmsmoki.com ќе трае конкурсот за избор на најдобрите снимки на тема "Како јадам Smoki". Организаторот на конкурсот "Kakojadamsmoki" (во продолжение:конкурс) е Акционерското друштво за производство на кондиторски производи „Soko Nada Štark" Белград, Кумодрашка број 249, 1100 Белград ( во продолжение: организатор).
Натпреварувач е секое лице кое на интернет страницата www.kakojаdаmsmoki.com ке постави и во web-галеријата објави барем една снимка - фотографија или видео клип на тема "Како јадам Smoki".
Изборот на најдобри снимки ( фотографии и видео клипови ) ќе се одвива на 2 начина:
- Гласање на web корисниците (во неделната и финалната конкуренција)
- Гласање на членовите на жирито
На тој начин web корисниците ќе ги изгласаат своите победници, а жирито ќе ги додели наградите во своите категории.
Учесници во натпреварувањето:
Учесници на конкурскот можат да бидат сите лица кои се регистрирани на страницата www.kakojаdаmsmoki.com без oглед на земјата на потекло и државјанство.
Правила за учество:
За учество на конкурсот учесникот треба на web страницата www.kakojаdаmsmoki.com да креира и објави најмалку една снимка - фотографија или видео клип до 31 Мај 2009 година, во согласност со упатствата објавени на оваа web страница. Секој учесник може да постави неограничен број снимки - фотографии или видео клипови, а секој од нив ќе се разгледува како посебен.
Организаторот има право да ги дисквалификува сите снимки (фотографии или видео клипови) кои спрема неговата проценка имаат непримерна согржина. Снимките кои ќе се тргнат од web страницата поради непримерна содржина нема да се натпреваруваат за награди.
Интернет страницата www.kakojadamsmoki.com содржи докуманти, податоци, податоци, информации како и врски до други интернет апликации од страна на трети лица. Организаторот нема надзор над начинот на кои се креирани наведените докумнети, податоци и информации, и се одрекува од одговорност за начинот за точност, потполност, и достапност на тие содржини.
Организаторот го задржува правото за визуелни измени на содржината на интернет страницата без посебно известување на корисникот и не е одговорен за билокоја последица произлезена од тие промени.
Гласање на web корисникот
Web корисниците гласаат за доделување на неделните и финалните награди и тоа на следниот начин:
1. Гласање за неделни награди - Web корисниците можат да гласаат без оглед дали се регистрирани на интернет страницата www.kakojadamsmoki.com Секој корисник, на интернате страницата www.kakojadamsmoki.com има право за времетраење на неделните рунди, да додели по еден глас за секоја од снимките во галеријата за времетраење на една сесија. Корисникот може да гласа за своите и за туѓите предлози (трудови).
2. Гласање за финални награди - Web корисниците можат да гласаат само доколку се регистрирани за сајтот www.kakojadamsmoki.com Секој регистриран корисник има право да, за времетраење на финалната рунда на натпреварување ( 01.06.2009-14.06.2009), да додели на секој од снимките во галеријата по еден глас. Корисникот може да гласа како за својата, така и за туѓите снимки.
1. Неделни награди по мислење на корисниците
Секоја недела по пет натреварувачи кои ќе имаат најмногу гласови според мислењето на web корисниците ќе добијат подароci: 1 Фото Апарат + 2кг Smoki + 2кг Čoko Smoki.

Неделните награди се доделуваат во периодот од 26.04.2009 до 31.05.2009 година. Секоја недела претставува една рунда од натпреварувањето. На крајот на секоја рунда, се одредуваат 5 победници.Наредната недела претставува нова рунда од натпреварувањето, а за трудовите од претходната недела престанува можноста за гласање. Трудовите, и поставените и наградените во една недела автоматски не се веќе во конкуренција за гласање наредната недела, но влегуваат во конкуренција за доделување на финалните награди.
Датуми на прогласување на неделните нагади се:
- 26.04.2009.
- 03.05.2009.
- 10.05.2009.
- 17.05.2009.
- 24.05.2009.
- 31.05.2009.
По периодот на гласање и избор на неделните победници (26.04.2009-31.05.2009) престанува можноста за upload-ирање на нови слики на web страната.
Имињата на петте наградени автори од неделните гласања на web корисниците, ке бидат објавени истиот ден на интернет страната www.kakojаdаmsmoki.com.
Во рок од два дена од датумот на избор на неделните добитници, истите ќе бидат известени телефонски или по e-mail.
Наградите ќе бидат испратени на адресата на добитниците во рок од 10дена, под услов наградените да одговорат на телефонскиот повик или e-mail-от. Доколку добитникот ја одбие добиената награда или не одговори на повикот, следниот натпреварувач по број гласови, ќе го заземе неговот место.
Во случај да помеѓу првите пет пласирани натпреварувачи, има повеќе со ист број на гласови, право на награда ќе оствари натпреварувачот кој прв го доставил својот труд.
2. Финалани награди по мислење на web корисниците
По завршувањето на доделувањето на неделните награди, web корисниците имаат можност да помеѓу сите дотогашни натпреварувачи, во финалното гласање ги одберат трите победнички трудови. Финалното гласање се одвива во периодот од 01.06.2009 - 14.06.2009.
Авторот со највеќе гласови по мислење на web корисниците, за подарок добива:
Lap Top компјутер SONY Vaio CS118E +
2кг Smoki + 2кг Čoko Smoki

Авторот кои по број на гласови на web корисниците го освои второто место, за подарок добива:
I pod Touch 16GB + 2кг Smoki + 2кг Čoko Smoki

Авторот кој по број на гласови на web корисниците го освои третото место, за подарок добива:
X Box 60GB + 2кг Smoki + 2кг Čoko Smoki

Доколку помеѓу првите три се најдат повеќе натпреварувачи со ист број на освоени гласови, одлука за доделување на наградите носи жирито по сопствено убедување.
Имињата на добитниците на финалните награди по мислење на web корисниците ќе бидат објавени на 14.06.2009 на интернет страницата www.kakojadamsmoki.com.
Во рок од два дена од датумот на избор на финалните добитници, истите ќе бидат известени телефонски или по e-mail. Наградите на адресата на добитниците ќе бидат испратени во рок од 10 дена од финалниот избор, под услов наградените да неодговорат на телефонскиот повик или e-mail-ot. Доколку добитникот ја одбие добиента награда или не одговори на позивот, следниот натпреварувач по број на гласови, ќе го заземе неговото место.
Жири
Изборот на жирито ќе се одвива од 01.06.2009 - 14.06.2009 во во конкуренција на сите пристигнати трудови на конкурсот. Жирито по свој избор ќе додели три подароци во категориите:
- Најоригинална снимка
- Најдуховита снимка
- Најупорен натпреварувач
Авторот за кого жирито ќе одлучи дека има најоригинална снимка, добива подарок посета на фабриката Soko Štark и 20 кг од сладкиот асортиман на Soko Štark. Авторот за кого жирито ќе одлучи дека има најдуховита снимка,добива подарок 15 кг од сладкиот асортиман на Soko Štark. Натпреварувачот за кого жирито ќе одлучи дека бил најупорен, добива подарок 10 кг од сладкиот асортиман на Soko Štark.

Прогласувањето на добитниците ќе биде објавено на 14.06.2009, на интернет страницата www.kakojadamsmoki.com
Членови на жирито се:
- Стела Карл Чосиќ, Soko Štark Белград
- Ивана Симиќ, Soko Štark, Белград
- Милица Јаниќ, Soko Štark, Белград
- Небојша Јакимоски, Droga Kolinska, Скопје
- Дарја Јанежич, Droga Kolinska, Љубљана
- Александар Котхај, Белград
- Наташа Гаон, DK Trade, Сараево
- Николина Обрадовиќ, Grand Prom, Beograd
- Маја Белин, Soko Štark, Белград
Наградените ќе бидат известени во рок од два дена од изборот на жирито преку телефон или e-mail. Наградите ќе бидат ипратени на адресите на добитниците во рок од 10 дена под услов одбраните натпреварувачи да одговорат на телефонскиот повик или e-mail-ot. Доколку избраниот натпреварувач ја одбие добиената награда или не одговори на повикот или е-mail-ot, жирито по сопствен избор ќе одреди натпреварувач.
Превземање на наградата во натура
Организаторот наградата ја доделува во натура и натпреварувачот неможе да ја бара наградата во готовина. Ако одбраниот одбие превземанје на наградата, ќе се смета дека натпреварувачот не сака да ја превземе наградата, така што организаторот спрема натпреварувачот е ослободен од сите обврски и стекнува право на располагање со наградата и нејзино користење за било која друга цел.
Обврски на натпреварувачот
Натпреварувачот гарантира дека поставената снимка (фотографија или видео клип) е негов авторски труд и дека не е објавен во ниту една друга медија.
Во случај на објавување на видео клип, натпреварувачот кој што го објавил гарантира дека е носител на сите евентуални коавторски права на тој клип.
Секој натпреварувач гарантира дека сите лица кои се појавуваат на фотографија или видео клип, таа фотографија или клип ги намениле за јавноста.
Секој награден натпреварувач во својство на автор, ги пренесува исклучиво на организаторот предметно, временски и територијално неограничени сите имотни авторски права, вклучувајки го правото на преработка и употреба на авторски труд.
На сите наградни натпреварувачи организаторот ќе им испрати авторски договор, со кои авторот со својот потпис на организаторот ќе му ги пренесе сите наведени права.
Наградениот натпреварувач, кој во рок од 7 дена ќе го врати потпишаниот договор и исполни обврските пропишани одредени со правата, ќе го прими подарокот.
Во случај да е малолетен, неговиот законски застапник е должен да на договорот ги наведе своето име, презиме и адреса, како и податоците за тоа во каква врска е со наградениот натпреварувач.
Во случај да наградениот во предвидениот рок не го врати правилно пополнет и потпишан договорот, во согласност со овие правила, организаторот ќе го дисквалификува од натпреварувањето, а неговото место ќе го заземе друг натпреварувач по избор на жирито.
Заштита на лични податоци
Организаторот на натпреварувањето, сите лични податоци, кои ги добива од учесниците, ќе ги чува во склад со прописите кои го регулираат чувањето на личните податоци. Организаторот, личните податоци добиени од учесниците смее да ги користи единствено во цели за кои биле барани.
Учесникот во натпреварувањето е согласен да организаторот може да му испраќа извештаи за текот и резултатите од гласањето. Учесникот односно неговиот законски застапник во било кој момент може да ја повлече својата согласност за употреба на личните податоци.
Организаторот го задржува правото доделувањето на наградите да го организира како јавен настан. Со учеството на натпреварувањето, учесникот дозволува да неговото име, презиме и фотографија се користат во аудио, фото и видео материјали на организаторот.
Изборот на организаторот му дозволува да ги објави личните податоци во средствата за јавно информирање и на светски web, со цел известување за резултатите од изборот на жирито или web корисникот, односно преземање на наградата.
Сите кои учествуваат во натпреварувањето по пат на пријава се согласни со, употреба на нивните лични податоци во маркетиншки цели, како и дека се согласни претпријатието AD Soko Nada Štark да може да им испраќа известувања за своите трговски активности ( акциска продажба на производи, нови производи, наградни игри, анкети, прашалници и сл) Секој има право било кога да побара престанок на известувањата. AD Soko Nada Štark се обврзува дека собраните лични податоци ќе ги штити во согласнот со Законот за заштита на личните податоци.
Жалби
За сите жалби и рекламации одлучува организаторот на натпреварувањето. Во случај на основани жалби организаторот се обврзува дека во што е можно пократок рок ќе ги отрстрани и за тоа ќе ги извести учесниците.
Објава на правилата на натпреварување
Правилата на натпреварување може да се видат и стојат на располагање на страницата www.kakojadamsmoki.com. Учесниците во натпреварувањето со електронска пријава потврдуваат дека се запознаени со правилата и дека се обврзуваат да постапуваат во согласност со правилата на натпреварување. Во случај на било каков спор или нејаснотија тие правила се сметаат за примарни во однос на сите евентуални други објави, било во печатен, електронски или било кој друг облик.
Soko Nada Štark
Белград, Април 2009

